Loading Video...
Ракомет
4. November 2020 - 11:07

Македонските ракометари подготвени со победа над Финска да ги започнат новите квалификации за ЕП

Машката македонска ракометна репрезентација, вечерва започнува нов цуклус квалификации и тоа за Европското првенство 2022 година. 
 
Со дуелот против Финска што ќе се игра вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ без присуство на публика, македонските ракометари ќе атакуваат на првата победа во квалификациската група во која се и фаворитот Данска и селекстијата на Швајцарија, 
 
Позитивните случлаи на Ковид-19 го принудија селекторот, Данило Брестовац да направи неколку промени, односно да повика нови играчи за овој меч. 
 
Сепак Брестовац смета дека на располагање одлилен избор и тим што ќе ја оправда улогата на фаворит во дуелот против Финците.
„На располагање имам добар состав, поискусен од првичниот план. Најважно е дека сите тестови се негативни. Очекувам добра презентација, ќе ни недостасува Танкоски, но со Георгиевски и Мишевски во ротација добро ќе покриен.  Очекувам добар ракомет од момците. Има ракометари кои немаат играно многу оваа сезона, сигурен сум дека ќе бидат мотивирани и ќе покажат на вистински начин дека им фали ракометот. Не се сомневам во желбата на играчите.  Планирам да направам бројни ротации, да им дадам шанса на сите играчи, секако доколку мечот го дозволува тоа.  Финска за едно ниво е послаба од нас, но не треба да се потценува од година во година бележи напредок, се развиваат и на клупско и на репрезентативно ниво. Со добра одбрана, верувам дека ќе тргнеме победнички во овие квалификации“, вели Брестовац во изјавата за порталот СПОРТМЕДИА
 
Натпреварот Македонија – Финска ќе започне во терминот од 20 часот. 
 
Инаку втората средба од нашата група во која Данска требаше да биде домаќин на Швајцарија е одложен порани неколку позитивни членови на Корона вирус во швајцарската репрезентација. 
 
Тоа најверојатно ќе донесе и одложување  на натпреварот од второто коло во кој нашите ракометари во сабота треба да и гостуваат на Швајцарија.