Loading Video...
Ракомет
11. January 2022 - 14:41

Македонските ракометари отпатуваа за Унгарија на ЕП со две нови имиња во составот

Македонската машка сениорска ракометна репрезентација попладнево отпатува за Унгарија, каде од четврток ќе го започне својот нов настап на завршницата на Европското првенство што ќе се одржува во Унгарија и Словачка.
 
По речиси три неделни подготовки и три одиграни контролни натпревари, македонските ракометари со чартер лет заминаа за Унгарија. 

Предводени од селекторот и капитен Кирил Лазаров, нашата селекција ќе игра во А групата чиј домаќин е градот Дебрецин, каде попладнево ќе го одржат првиот тренинг. 

Во експедицијата ќе ги нема голманите Никола Митревски и Марко Кизиќ, крилото Гоце Ојлески, левиот бек Михајло Младеновиќ и кондицискиот тренер Петар Баснарков, кои се петмината позитивни на ковид 19 на последното тестирање направено вчера.

Тие ќе мора да минат ќе пет дена во изолација, а потоа доколку имаат два негативни теста, ќе може да бидат на располагање на селекторот Лазаров, кој дополнително во составот ги повика голманите Благојче Трајкоски и Градимир Чаневски.

Иако шансите за тоа се мали, сепак во нашиот табор владее позитивно расположение. 

Македонија првенството ќе го започне во четврток (13 јануари) до дуелот против Словенија, која реално е нашиот главен конкурент за втората позиција во групата која носи пласман во следната рунда. 

Сва дена подоцна (сабота - 15 јануари) следува дуелот против Црна Гора, а во поледниеник (17 јануари) ќе играме против фаворитот Данска.

На последниот континентален собир Македонија заврши на 15-то место, со една победа во групната фаза.

 
 
ГРУПА „А“ - ДЕБРЕЦЕН, УНГАРИЈА „FŐNIX ARÉNA“
ЧЕТВРТОК 13.01.      МАКЕДОНИЈА –  СЛОВЕНИЈА  (18:00 ч.)
САБОТА 15.01.          МАКЕДОНИЈА –  ЦРНА ГОРА (18:00 ч.)
ПОНЕДЛНИК 17.01.  МАКЕДОНИЈА –  ДАНСКА (20:30 ч.)
 

СПИСОК НА РАКОМЕТАРИ:

Голмани: Мартин Томовски, Градимир Чаневски, Благојче Трајкоски
Леви крила: Цветан Кузмановски, Бојан Маџовски
Леви бекови: Филип Талевски, Филип Кузмановски, Марко Мишевски
Централни бекови: Филип Миркуловски, Игор Георгиев, Марко Митев, Горан Крстевски
Кружни напаѓачи: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Костадин Петров, Кристијан Симоновски
Десни бекови: Кирил Лазаров, Мартин Велковски, Мартин Серафимов
Десни крила: Никола Костевски, Гоце Георгиевски