Loading Video...
Ракомет
3. December 2018 - 14:14

Македонските ракометари обезбедија бараж за СП 2019

Женската ракометна репрезентација на Македонија со убедливи три победи над Азербејџан, Исланд и Турција го освоија првото место во квалификациите за СП 2019 година во Јапонија. 
 
За остварување на целта, но пред се сонот на подмладената македонска селекција сега останува да се одработи уште бараж двомечот,кој ќе биде и последен филтер за пласман на јапонскиот Мундијал догодина. 
 
Селекторот Симе Симовски шансите за да се стигне на Светското првенство, ќе ги гледа пред се во своите редови, односно начинот на игра и работа на неговите избранички. 
 
„Ако работиме квалитетно, професионално и ако секоја од девојките го прифати тој начин на работа, секогаш може да се исполнат целите. Јас имам некоја цел и се надевам дека ќе ја исполнам. Неблагодарно е да се посакува некој посебно за противник во тој бараж, бидејќи сите селекции се со посебно реноме. Не би издвоил никого, затоа што ние треба да ја гледаме соспствената игра и потоа да гледаме на ривалот. Малку среќа ни треба во баражот.“
 
И Сара Ристовска се согласува со селекторот, потенцирајќи дека без разлика на противникот се ќе зависи само од нашите ракометарки.
 
„Навикнавме некако на Шведска, но секако кој и да дојде е сеедно. Имаме време да се подготвуваме. Кој и да ни падне во баражот, треба да се подготвиме и да се обидеме да се пласираме на СП. Во овие три меча се виде некаква поинаква игра од наша страна, малку побрз ракомет, брзи додавања до крила, дисциплиниран напад, страшна одбрана и тоа доведе до позитивни резултати“, изјави Ристовска. 
 
Кој ќе биде последниот предизвик за македонските ракометарки останува да се види, се до 16 декември за кога е закажана ждрепката, додека бараж дуелите ќе се играат јуни следната година.