Македонија
7. July 2017 - 11:46

Македонските програмери на видео игри поканети да учествуваат на конференција во Букурешт

Програмерите на видео игри од Македонија се поканети да учествуваат на првата конференција за програмери на видео игри од Источна Европа - DevPlay 2017, која ќе се одржи на 11 и 12 септември во Букурешт.

Конференцијата ја организира Романската асоцијација за развој на игри (RGDA), на неа ќе се обратат 17 интернационални говорници од индустријата за развој на видео игри, а ќе се организираат и панел дискусии, сесии за претставување, семинари и работилници.

Сите кои сакаат да учествуваат на конференцијата може да се регистрираат на линкот: https://dev-play.ro/register/.