Loading Video...
Спорт плус
5. February 2018 - 13:56

Македонските олимпијци подготвени за 23-те ЗОИ во Пјонгчанг

Ставре Јада ќе биде знаменосец на македонската олимписка делегација која ќе не преставува на 23.те ЗОИ во Пјонгчанг, Јужна Кореја, кои стартуваат во петок. 

Во просториите на Македонскиот олимписки комитет денеска се одржа церемонијата на свечено испраќање на македонската олимписка делегација на 23-те Зимски олимписки игри Пјонгчанг, Јужна Кореја.

На овие Олимписки игри ќе настапат тројца македонски спортисти и тоа:

- Антонио Ристевски – Алпско скијање / дисциплини: слалом и велеслалом (освоена А норма)

- Ставре Јада – Крос кантри / дисциплини: спринт и 15 км. (освоена А норма)

- Викторија Тодоровска – Крос кантри / дисциплина 10 км/.

Официјални лица кои ќе бидат дел од Олимписката делегација се Иван Лесевски (тренер), Ѓоко Диневски (тренер), Владимир Пановски (тим лидер), д-р Небојша Настов (доктор-Претседател на Здравствената комисија на МОК), Владимир Богоевски ( МОК спортски директор) и Сашо Поповски кој ќе биде водач на Олимписката делегација на Македонскиот олимписки комитет. 

Македонската олимписка делегација ќе замине за ПјонгЧанг на 7 февруари, додека Олимписките игри ќе се одржат во периодот од 9 до 25 февруари.