Спорт плус
30. May 2021 - 20:48

Македонските одбојкари со максимални три победи се враќаат од Данска

Македонската одбојкарска репрезентација со максимални три победи го заврши вториот турнир од Европската сребрена лига. Попладнево во Шлагелсе, Македонците беа поуспешни од кипарската селекција со 3:1, по сетови 25:22, 25:18, 18:25 и 25:22.

По овој триумф, избраниците на селекторот Никола Матијашевиќ, го освоија првото место на табелата во А-групата, пред Данска која оди во полуфиналето како второпласирана.

Завршниот „фајнал фор“ турнир ќе се игра по пет дена во салата „Парк“ во Струмица.

Во полуфиналето македонската репрезентација ќе се соочи со хрватскиот национален тим.

Другата полуфинална двојка ја сочинуваат Унгарија и Данска.