-->
-->
Македонските одбојкари против Естонија закочнуваат во Европската лига
-->
Mакедонската одбојкарска репрезентација вечерва го игра првиот натпревар од А групата од Европската лига.
Нашата селекција гостува кај Естонија, која ја има улогата на фаворит. Голем проблем за избраниците на селекторот Жарко Ристоски е тоа што нашата репрезентација не одигра ниту еден контролен натпревар во рамките на подготовките.
За двете репрезентации ова се првите натпревари во групата, а досега останатите ривали одиграа по два натпревара. Полска и Австрија имаат по две победи и се на делба на првата позиција на табелата со по шест бодови, додека Израел и Данска имаат по два пораза.
Дуелот Естонија - Македонија почнува во 20 часот, а утре двете репрезентации ќе одиграат уште еден натпревар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење