Loading Video...
Спорт плус
28. May 2018 - 13:20

Македонските одбојкари поразени од Австрија

Машката македонска одбојкарска репрезентација го претрпе и вториот пораз во Сребрената Европска лига. 
 
Во меч од 3.коло на А групата одигра во СЦ „Кале“ во Скопје, одбојкарската репрезентација на Македонија загуби од Австрија со 3:1 во сетови. 
 
Црвено-жолтите лошо го отворија натпреварот, па првиот сет противникот го доби со 25-18. 
 
Откако ги консолидираа редовите, македонските одбојкари го добија вториот сет со 25-22, но во третиот неколку грешки придонесоа истиот да го загубат со 25-20. 
 
Во четвртиот сет, по голема борба и пропуштени шест сет топки за израмнување, Австријците на крајот истиот го решија во своја полза со 33-31, за конечни 3:1 во сетови и втора победа на Австриската селекција. 
 
Веќе задутре Австрија и Македонија ќе го одиграат вториот меѓусебен дуел во рамките од 4.коло. 
 
 
Лидер на табелата во А групата е Летонија со максимални 9 бода, пред Австрија со 6, Македонија со 3 и Косово без ниту еден освоен бод.
 
Потсетување дека без разлика на пласманот во групата нашите одбојкари како домаќини ќе играат на завршниот турнир кој од 15 јуни ќе се одржи во Скопје.