Loading Video...
Спорт плус
16. јуни 2018 - 18:35

Македонските одбојкари останаа без медал во Европската сребрена лига

Македонската одбојкарска репрезентација, остана без медал во годинашното издание на Европската сребрена лига чија завршница се одржува Скопје.
 
Нашите одбојкари не само што не успеаја да стигнат до финалето зз во кое најавуваа борба за трофејот, туку на крајот останаа и без медал, односно завршија како четврто пласирани. 
 
Црвено-жолтите не ја искористија предноста на домашниот терен, па на дуелите во СРЦ кале претрпеа два порази. 
 
Откако вчера беа поразени во полуфиналето од Хрватска со 3:2, иако имаа водство од 2:0 во сетови, денеска македонските одбојкари загубија и во дуелот за бронзениот медал. 
 
Тие се поразени од Летонија со 1:3 по сетови 20-25, 16-26,  25:23,  и  26-28. 
 
Во дуелот за златниот медал кој е во тек се борат одбојкарите на Белорусија и Хрватска.