Loading Video...
Спорт плус
31. July 2019 - 14:33

Македонските одбојкари го „Живеат сонот“ наречен Европско првенство

Под насловот „Живеј го сонот“ машката одбојкарска репрезентација засилено се подготвуваат за историското прво учество на Европското првенство. 
 
Добрата атмосфера во Маврово, федерацијата реши да пренесе низ краток промо видео материјал, во кој се потенцира големата желба и сонот кој им се оствари на оваа генерација одбојкари, учество на Европскиот шампионат. 
 
Одбојкарите ќе останат во Маврово до 15 август, а потоа ќе ја почнат серијата контролни мечеви, пред настапот на првенството на кое Македонија ќе игра во љубљанска група против Финска, Турција, Русија, Белорусија и ко-домаќинот Словенија.