Loading Video...
Спорт плус
24. August 2019 - 14:39

Македонските одбојкари го добија првиот дуел со Шведска

Македонските одбојкари го добија првиот од двата пријателски натпревари со Шведска, кои се дел од подготовките за настап на ЕП.
 
По голема борба и одиграни пет сета нашите одбојкари ја победија Шведска со 3:2 на мечот одигран во СЦ Кале во Скопје. 
 
Иако „Викинзите“ го добија првиот сет со 25-18, во следните два избраниците на селекторот Матијашевиќ одиграа на посакуваното ниво, за сетовите ги решија во своја полза со 25-21 и 25-11. Но гостите успеаја да го израмнат резултатот добивајќи го четвртиот сет со 25-14. Решавачкиот петти сет по голема и неизвесна борба го добија македонските одбојкари со 16-14 и заслужено се радуваа првата победа во подготвителниот циклус. 
 
Веќе утре ќе следува и вториот меч со Швеѓаните кој ќе биде од затворен тип.
 
До крајот на подготвителниот период за Европското првенство во септември, македонските одбојкари ќе одиграат и контролни дуели со Украина, во полуфиналето на турнирот „Чајка“ на 30 август, а ден потоа со Белгија или со Бугарија во зависност од резултатите. На 5 и 6 септември ќе бидеме гости на Австрија на пријателските средби во Сент Полтен, а дебитантскиот настап на европскиот шампионат ќе го имаме на 12 септември против Финска.