Македонија
2. February 2016 - 17:55

Македонските моторџии во Австралија го одбележаа раѓањето на Гоце Делчев

Македонското моторџиско здружение „Антички Македонци" од Западна Австралија одржа низа свечености и положи цвеќе во двете македонски православни цркви во градот Перт, во чест на 144 годишнината од од раѓањето на Гоце Делчев. 

По верските обичаи се одржал и свечен прием при што поздравни говори одржале преставникот на Здружението Александар Схапкароски, како и свештениците Васко Трајцески и Станко Јовановски. Од името на Република Македонија поздравен говор одржал почесниот конзул Зоран Ќосески.