Loading Video...
Ракомет
21. July 2019 - 18:21

Македонските млади ракометарки поразени од Фарските Острови

Младата женска македонска селекција на ракометари до 19 години заврши како шесто рангирана на ЕХФ шампионатот што се одржа во Клаипеда, Литванија. 
 
Избраничките на селекторот Јулијана Дамчевски, во последниот меч одигран попладнево, беа поразени од врсничките од Фарските Острови. 
 
Уште по првиот дел кој противникот го доби со шест гола разлика 16-10, беше јасно дека жолто-црвените жешко може да се надеваат на победа, па во второто полувреме, нашите ракометарки само успеаја да го ублажат поразот на два гола разлика 30-28.
 
Така со две победи над Грузија и Косово, како и трите порази од Швајцарија, Литванија и Фарски Острови, младите македонски ракометарки го завршија својот настап на шампионатот на шесто место.