Кошарка
13. August 2016 - 18:58

Македонските кошаркарски надежи убедливо ја совладаа Шкотска

 
 Кошаркарска репрезентација на Македонија за играчи до 16 години ја оствари првата победа на Европското првенство  (Б дивизијата) што се одржува во Софија. 
 
Македонските кадети по поразите од Унгарија и Израел конечно во натпревар од 3.коло на Б групата, убедливо ја совладаа репрезентацијата на Шкотска со 100-47 по четвртини 25-12, 23-12, 27-12 и 25-11. 
 
Четворица наши кошаркари средбата ја завршија со двоцифрен број на постигнати поени, а најмногу имаше Јоан Божиновски17 поени. Марко Анастасов постигна 14, Лука Стојановски беше стрелец на 13, а Андреј Јордановски заврши со 11. 
 
Утре, во рамките од 4.коло Македонија за противник ќе ја има селекцијата на Република Ирска во натпреварот кој ќе започне од 17 часот и 15 минути.