Кошарка
30. April 2017 - 15:20

Македонските кошаркарски надежи убедливи против врсниците од Косово

 
 
 
 Со три победи во исто толку одиграни натпревраи младата кошаркарска репрезентација на Македонија за играчи до 15 години, го заврши својот настап на турнирот во Букурешт, Романија. 
 
Македонските кошаркари, кои во првите две средби ги совладаа Бугарија (55-48) и домаќинот Романија (73-58), денеска ја победија селекцијата на Косово со 83-48. 
 
 
Иако во листата на стрелците од редовите на црвено-жолтите се запишаа сите единаесетмина кошаркари сепак само двајца од нив имаа двоцифрен број на поени и тоа Марко Миловановиќ кој средбата ја заврши со дабл-дабл ефект од 22 поени и 10 скокови, а 22 поени постигна и Лука Савичевиќ. 
 
Настапот на турнирот во Букуреш е дел од проектот на ФИБА и Македонската кошаркарска федерација „Заедно до 16 години“, кој МКФ со оваа селекција го започна минатата година.