Loading Video...
Кошарка
31. July 2022 - 14:34

Mакедонските кошаркарски надежи декласирани од Франција со 57 поени разлика

По вчерашниот пораз од Израел, денеска  машката јуниорска селекција на Македонија го претрпе и вториот пораз на Европското првенство за кошаркари до 18 години што се одржува во Измир, Турција. 
 
Избраниците на селекторот Тони Синиќ беа декласирани од врсниците од Франција со 57 поени разлика. 
 
„Триколорите“ кои важат за едни од фароритите за највисок пласман победата ја најавија уште во првата четврина која ја добија со 24 разлика, за во продолжението континуирано да ја зголемуваат предноста и на крајот да слават со конечни 104-47. 
 
Утре во дуел од  3.коло на А групата, македонските надежи че играат против Велика Британија во терминот од 12 часот и 45 минути.