Македонските кошаркарки во дуел против Хрватска | Сител Телевизија
Loading Video...
Кошарка
10. February 2018 - 17:42

Македонските кошаркарки во дуел против Хрватска

Вечерва женската кошаркарска репрезентација на Македонија во СЦ Борис Трајковски против Хрватска ќе го одигра третиот меч од квалификациите за ЕП 2019 година. 
 
Македонските кошаркарки против Хрватска ќе го одиграат третиот меч во квалификациите за Еуробаскет 2019. 
 
Иако повторно селекторот Лазовски не може да смета на клучните кошаркарки (Антиќ и Гивенс) сепак тој и неговите избранички веруваат дека се кадарни конечно да се израдуваат на победа. 
 
За остварување на целта, нашите репрезентативки очекуваат и повикуваат на голема поддршка од трибините во СЦ Борис Трајковски каде ќе се игра мечот против Хрватска чиј почеток е закажан за 20 часот и 45 минути, а влезот во салата е слободен 
 
Ова е дуел од Х групата во која попладнево се одигра и средбата Шведска – Италија која заврши со победа на Италијанките со 69-47. 
 
Така сега Шведска и Италија имаат по две победи и еден пораз, а по нив следуваат Хрватска (1-0) и Македонија (0-2).