Кошарка
13. November 2019 - 10:46

Македонските кошаркарки отпатуваа за Германија

Македонската женска кошаркарска репрезентација утринава замина за Нердлинген, Германија каде утре ќе го одигра првиот натпревар од новиот циклусот на квалификации за Европското првенство 2021 во Шпанија и Франција.
 
Новиот селекторот Владимир Ѓоровиќ ги одбраа дванаесет кошаркарки кои ќе ги бранат националните бои на првиот меч од квалификациската И група, во која нашите кошаркарки веќе во недела (17 ноември) во Скопје (СЦ Јане Сандански) ја пречекуваат селекцијата на Летонија 
 
Ова ќе бидат натпревари од првиот квалификациски циклус, по што ќе претстои речиси едно годишна пауза, за дури на 12 ноември следната година да го одиграме и првиот меѓусебен дуел со селекцијата на Хрватска. 
 
Утрешниот натпревар против Германките ќе започне во 19 часот, а љубителите на кошарката ќе може да го следат на YouTube каналот на ФИБА