Кошарка
2. August 2017 - 9:01

Македонските кошаркари против Косово ги започнуваат квалификациите за СП

 
 Најдобрата кошаркарска репрезентација на Македонија вечерва го започнува предквалификацискиот циклус за Светското првенство во Кина 2018 година. 
 
Нашите кошаркари гостуваат во Приштина, кај Косово во меч од Ц групата во која е и селекцијата на Естонија.  
 
Селекторот Јорданчо Давитков е свесен дека овој меч ќе биде исклучително тежок пред се поради притисокот кој ќе го има тој и неговите кошаркари од публиката во Приштина. 
 
„Што се однесува за мечот со Косово, не очекува натпревар на кој ќе има притисоци од сите страни. Ќе биде полна салата, ќе има притисок, ќе видиме како ќе биде притисокот и кон судиите. Ќе мора да се прилагодиме на се и да одиграме квалитетна одбрана ако сакаме да го победиме Косово. Не се наивна екипа, не се екипа за преценување, но ни за потценување. Имаат добри шутери, Кастрати и Морина, заедно со нивниот најдобар играч Бериша. Прават целина која е опасна на домашен терен и која понесена од публиката може да игра доста опасно. Мора да имаме добра одбрана ако сакаме успех“, додаде Давитков. 
 
Вечерашниот меч меѓу Косово и Македонија ќе започне во терминот од 20 часот и 15 минути. 
 
Само најслабо пласираната репрезентација нема да обезбеди место во следниот квалификациски циклус за Мундијалот во Кина следната година, а воедно ќе ги пропушти и квалификациите за Европското првенство во 2021 година. 

.be