Кошарка
15. August 2017 - 8:39

Македонските кошаркари отпатуваа за Талин на гостувањето кај Естонија

 Кошаркарската репрезентација на Македонија утринава отпатува за Талин, каде утре против Естонија ќе го одигра последниот натпревар во претквалификациите за Светското првенственово 2019 година. 
 
По победата над Косово (87:74) Македонија ги задржа шансите за освојување на едно од двете места кои водат во следната рунда од квалификациите. 
 
 
Но, за избраниците на селекторот Давитков работата сеуште не е завршена. Доколку сакаат да минат во следната рунда тие ќе мора да забележат победа против Естонија. Во спротивни ќе мора да го чекаме исходот од последниот меч во кој Косово на домашен терен ќе игра против Естонија, а во кој нашите кошаркари ќе очекуваат победа на Естонците, бидејќи само на тој начин црвено-жолтите би завршиле пред селекцијата на Косово. 
 
„Најмалку шест пати го гледав дуелот со Естонија во Скопје, кој ако победивме оценките ќе беа дури и дека сме играле добро. Тие се уштерска селекциј. Шутираат речиси од секоја позиција, и многу ретко се решаваат да нападнат во рекотот под кошот. Ќе се обидеме и таму да ги сопреме нивните шутери. Факт е дека досега ние не сме имале натпревар со шут од 40% за тројка и со десетина и повеќе поголеми удари од оваа позиција. Се надевам дека конечно ќе ни се насмевне среќата и дека конечно ќе проработи и нашето јасилно оружје во нападот“, изјави селекторот Давитков.
 
Во составот е и искусниот Диме Тсовски кој на средбата против Косово заработи повреда на потколеницата, а го прескокна и синоќешниот тренинг. Сепак, Тасовски ќе биде дел од тимот, кој вечерва ќе го одработи и единствениот тренинг пред утрешниот меч 
 
Дуелот Естонија – Македонија кој ќе се игра утре ќе започне од 17 часот и 30 минути.