Кошарка
7. November 2022 - 16:47

Македонските кошаркари од денеска во Гевгелија на мини подготовки за дуелите со Данска и Норвешка

Машката македонска кошаркарска репрезентација од денеска е во Гевгелија, каде ќе ги игра следните два натпревари во пред-квалификациите за Евробаскетот 2025-та
 
Во рамките од Д групата, репрезентацијата на Македонија ќе биде домаќин на Данска и Норвешка во дуелите од 3-тото и 4-тото коло. 
 
Без лидерот Ненанд Димитриевиќ, младиот Андреј Јакимовски, кои имаат обрврски со своите екипи, како и повредениот Кристијан Николов, македонските репрезентативци во наредните денови ќе се подготвуваат за да ја продолжат победничката серија. Во тимот ќе го имаме новото странско засилување, американскиот плеј-мејкер Ти-Џеј Шортс (Телеком Бон-Германија)
 
Данците со кои ќе играме први, веќе ги совладавме и тоа со кошот на Димитриевиќ од половина терен во последната секунда со 73-70. Норвежаните пак против кои ќе играме три дена подоцна, имаат две победи досега, како и ние. Тоа доволно говори дека на црвено-жолтите нема да им биде нималку лесно во дуелите што претстојат. 
 
„ И пред почетокот на претквалификациите во плановите беше освојување на првото место бидејќи единствено води во следната фаза, односно во главните квалификации. Отворивме со две победи и си ја олеснивме работата со оглед на тоа што играме на домашен терен.
 
„Играме против Норвешка која, исто така, има две победи и тоа со голема разлика. Верувам дека овој натпревар е одлучувачки, не дека нема шанса за поправен. Но треба да го искористиме домашниот терен и да ја потврдиме победата против Данска“, изјави селекторот Алаксандар Јончевски.
 
Натпреварите се закажани за во четврток (10 ноември) и недела (13 ноември) во термините од 19 часот.