Loading Video...
Кошарка
29. July 2018 - 18:27

Македонските кошаркари фаворити во дуелот со Луксембург

Кошаркарското јуниорски првенство односно Б дивизијата на Европскиот шампионат за играчи до 18 години, денеска се играат дуелите од 3.коло
 
Репрезентацијата на Македонија  го играат третиот меч и тоа против аутсајдерот во групата Луксембург. Црвено-жолтите кои по почетниот триумф над Исланд, вчера беа убедливо поразени од Холандија, сега ќе мора да ја потврдат улогата на фаворит и да ја остварат втората победа. 
 
Ова е натпревар од Ц групата во која претходно Холандија го победи Исланд со 90-68, а Израел кој важеше за топ фаворит во групата загуби од Чешка со 74-85.
 
Токму Израелците ќе бидат следниот противник на македонските кошаркари во мечот од 4.коло кој ќе се игра во вторник во СРЦ Кале со почеток од 18:45 часот. 
 
Потсетување дека влезот на сите натпревари е слободен.