Бизнис
2. December 2019 - 17:39

Македонските компании тешко склучуваат договори со странските компании

Македонските компании се скапи, а имаат послаб квалитет, немаат серитфикати и се бавни при испорака на производите. Затоа е слаба соработката со странските компании кои инвестирале во земјава. Ова е заклучокот од проектот кој заедно го спроведоа Машинскиот факултет, Стопанската комора и Техничкиот универзитет во Виена.

Проектот се спроведуваше две години и има за цел да ги подобри перформансите на македонските компании за тие да можат да соработуваат со странските кои работат во земјава. На крајот на проектот, шест компании се избрани. Една од нив е веќе во синџирот на добавувачи, а две се во финална фаза на одобрување. Процесот на селекција е исклучително долг и тежок.

Шесте компании с еизбрани преку обуките кои ги поминале вкупно 17 домашни фимри. Тренинг помилане дел од студентите на Машинскиот факулетет.