Спорт плус
14. November 2021 - 14:54

Македонските кик-боксери со 4 медали од Европското WАКО првенство во Будва

Од Европското кик-бокс Wako првенство Македонските кик-боксери се враќаат со 4 медали.

Миа  Тодорова - сребро

Горјан Ристевски - бронза

Олгица Орешкова - бронза

Силвио Мировски - бронза

Туркер Исмаил поради повреда настаната на квалификациите не успеа да се пласира за борба за медал.

-Нашите репрезентативци покажаа одлична пожртвуваност во борбите. Сакам да кажам дека и покрај напорните тренинзи што ги имаа сите наши натпреварувачи во подготовките, пандемијата остави последици и си го направи своето спречувајќи ги да го дадат својот максимум во рингот. Нашите натпреварувачи одлично се изборија имајќи ги во предвид сите потешкотии со кои се справуваме изминатиов ковид период. Јас сум задоволен од постигнатите резултати. Но веќе скоро сите го имаат прележано вирусот и се вакцинирани па се надевам дека во иднина нема да има што да не спречи или да ни отежне во остварувањето на подобри резултати, изјави претседателот на КМФМ Дејан Митровски - Урко.