Loading Video...
Кошарка
25. July 2019 - 12:47

Македонските кадетски селекции домаќини на силни меѓународни турнири

 
 
Наредните три дена во Скопје ќе се одиграат два силни меѓународни турнири. Двете македонски кадетски селекции до 16 години, од утре до недела ќе бидат домаќини на своите врсници од шест земји. 
 
Момчињата, предводени од селекторот Денис Дервишевиќ, кои се и единствената наша селекција која летово ќе играат во елитната А дивизија на Евробаскетот во Италија, во големата сала на СЦ „Кале“ ќе играат против соодветните селекции на Израел, Полска и Чешка. 
 
Особено интересен ќе биде првиот меч против Израел, закажан за утревечер од 19 часот, со оглед на тоа дека токму оваа репрезентација ќе биде еден од трите противници на црвено-жолтите во групната фаза на шампионатот во Удине. 
 
Девојчињата своите натпревари ќе ги играат во СЦ „Јане Сандански“, во терминот од 20 часот, а редоследно за противнички ќе ги имаат селекциите на Босна и Херцеговина, Црна Гора и на Бугарија.
 
 
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ:
 
Мажи (натпреварите ќе се играат во СЦ Кале – голема сала)
Петок - 26.07.2019
17:00ч. Полска – Чешка
19:00ч. Македонија – Израел
Сабота 27.07.2019
17:00ч. Чешка – Израел
19:00ч. Полска – Македонија
Недела - 28.07.2019
10:30ч. Чешка – Македонија
19:00ч. Израел – Полска 
 
Жени (натпреварите ќе се играат во СЦ Јане Сандански – мала сала)
Петок - 26.07.2019
18:00ч. БиХ – Црна Гора
20:00ч. Македонија – Бугарија
Сабота 27.07.2019
18:00ч. Бугарија – БиХ
20:00ч. Црна Гора – Македонија
Сабота 27.07.2019
18:00ч. Бугарија – Црна Гора
20:00ч. Македонија – БиХ