Loading Video...
Ракомет
3. August 2019 - 15:35

Македонските кадетки против Италија го започнуваат настапот на ЕХФ шампионатот

Додека младата машка ракометна селекција ги одбројува деновите до стартот на Мундијалот за ракометари до 19 години што ќе се одржува во Скопје од 6 август,  женската македонска селекција на Македонија за ракометарки до 17 години утревечерва го започнува својот настап на ЕХФ  шампионатот во Италија.
 
На првиот натпреварувачки ден на ЕХФ шампионатот, нашите ракометарки се слободни. Својот настап ќе го започнат утревечер од 20 часот и тоа со дуелот против домаќинот на првенството Италија. 
 
Во истата Б група нашите ракометарки за противнички (редоследно) ќе ги имаат и врсничките од Белорусија, Азербејџан и Полска, редоследно. 
 
Целта е пласман во полуфиналето, за кое црвено-жолтите во споменатата конкуренција треба да бидат меѓу двете првопласирани селекции.
 
Денеска на првенството се играат првите дуели, а во групата во која е и Македонија, се среќаваат, Белорусија – Азербејџан и Италија – Полска. 
 
Распоред на натпревари на македонската репрезентација: 
20,00  Македонија - Италија (4 август), 
18,00  Македонија - Белорусија (5 август),
18,00  Македонија -  Азербејџан (7 август) 
18,00  Македонија - Полска (8 август).