Loading Video...
Кошарка
17. August 2018 - 15:17

Македонските кадети преку БиХ бркаат пласман на ЕП во А дивизијата

Две млади македонски кошаркарски селекции (кадетските) попладнево ќе играат натпревари на континенталните шампионати. 

Машката кадетска селекција на Македонија, во Сараево ќе игра во полуфиналалето на  Европскиот шампионат (Б дивизијата) за кошаркари до 16 години. 

Црвено-жолтите кои вчера во четвртфиналето ја совладаа Романија со 74-71, се изборија за место во големата четворка, па сега ги дели само една победа од пласман меѓу трите најдобри екипи, а со тоа и обезбедување место во елитната А дивизија догодина. 

Избраниците на селекторот Јованчев во полуфиналето закажано за 18 часот и 45 минути ќе играат против  домаќинот БиХ. 

Натпреварот ќе може да го следите на следниот линк на YouTube каналот на ФИБА. 

https://www.youtube.com/watch?v=FZqHNhEQEDs

Во вториот полуфинален меч од 21 часот ќе играат  Чешка и Русија.  Завршните дуели за медали ќе се играат утре. 

А, кадетската женска селекција од 18 часот и 15 минути против Грција ќе го игра вториот натпревар на шампионатот што се одржува во Подгорица. 

Натпреварот ќе може да го следите на следниот линк. 

https://www.youtube.com/watch?v=do8ATKVpSBY

Македонските кадетки се во групата А во која вчера загубија од Велика Британија со 44-53, а ќе играат и против селекциите на Шведска,  Црна Гора  и Исланд.