Кошарка
17. August 2017 - 18:58

Македонските кадети поразени од Босна и Херцеговина

 
Македонската кадетска репрезентација е поразена од Босна и Херцеговина во натпревар за пласман од 9-16 место на Европското првенство за кошаркари до 16 години што се одржува во Софија. 
 
Нашите кадети се поразени од соодветната селекција на Босна и Херцеговина со 82:67 по четвртини 15-12, 27-19, 19-14 и 21-22). 
 
Во редовите на нашата селекција тројца кошаркари средбата ја завршија со двоцифрен број на постигнати поени. Марко Миловановиќ беше најпрецизен со 17 поени, еден повеќе од Бошковски, додека Адријан Наумовски беше стрелец на 10 поени. 
 
Следен противник на црвено-жолтите ќе биде Исланд во натпреварот кој ќе се игра утре од 12:45 часот, а за пласман од 13-16 место