Loading Video...
Кошарка
28. July 2019 - 17:08

Македонските кадети подобри од Чешка

Македонската кадетска кошаркарска селекција за играчи до 16 години, со победа над чешка го заокружи својот настап на меѓународниот турнир во Скопје. 
 
Црвено-жолтите кои се подготвуваат за учество на Европското првенство во Италија, денеска беа подобри од чешките врсници со 68-61. 
 
Инаку на овој турнир што беше и последна контрола, за избраниците на селекторот Дервишевиќ, нашите надежи вчера ја победија Полска со 71-66, а ден порано загубија минимално од Израел со 65-66. 
 
Токму Израелците, заедно со Шпанија и Летонија, ќе бидат противници на македонската селекција во првата (групна) фаза на Евробаскетот во Удине.