Кошарка
10. August 2017 - 11:19

Македонските кадети го започнуваат настапот на Европското првенство во Софија

 
 
Кадетската репрезентација на Македонија денеска ќе го започне својот настап во Б дивизијата на Европското првенство за кошаркари до 16 години што се одржува во Софија, Бугарија.
 
Кадетите предводени од селекторот Горан Ѓорѓиевски ќе играат во Д групата, во која први противници ќе им бидат врсниците од Грузија, селекција која во подготвителниот период ја победија на турнир во Истанбул. 
 
Натпреварот Македонија – Грузија ќе започне во терминот од 17:15 часот.
 
По Грузијците, црвено-ќолтите редоследно за противници че ги имаат и репрезентациите на:  Косово (петок), Велика Британија (сабота), Португалија (понеделник) и Луксембург (вторник). 
 
Првопласираните две селекции од групата ќе се пласираат во 1/4 финалето, додека трето и четврто рангираните ќе разигруваат за пласман од 9-16 место. Двете последно рангирани ќе разигруваат за пласман од 17 до 24 место.