Loading Video...
Фудбал
19. November 2019 - 15:14

Македонските јуниори со победа над Луксембург во Елитната рунда од квалификации за ЕП

Јуниорската фудбалска селекција на Македонија односно репрезентацијата до 19 години со победа над Луксембург го заврши квалификацискиот турнир за ЕП што се играше во Скопје, и обезбеди пласман во следната фаза од квалификациите. 
 
Младите македонски фудбалери славеа победа со 3:0 со головите на Шошевски и Воша со завршницата на првиот дел, а стрелец на третиот гол беше Мурати во 80-тата минута. 
 
Тоа се покажа како доволно за избраниците на селекторот Станиќ,  да го обезбедат второто место во групата, а со тоа и пласман во следната рунда.  
 
Голема работа ни заврши и Англија која денеска со 4:1 ја совладаа БиХ против која нашата селекција во првото коло одигра 0-0. Иако Македонија и БиХ завршија со по 4 освоени бодови и негативна гол разлика од -2, сепак поради повеќето постигнати голови (Македонија 3, БиХ 2), нашите надежи ќе ги продолжат квалификациите.