Loading Video...
Кошарка
31. July 2019 - 15:01

Македонските јуниори против Данска ќе ја подигаат формата за четвртфиналето

 
На Европскиот шампионатот (Б дивизија) за играчи до 18 години што се одржува во Ородеа, а во рамките на 5.коло на Б групата, македонската репрезентацијата вечерва го игра мечот против Данска. Со четирите победи веќе го осигураат првото место и учеството во четвртфиналето, но избраниците на селекторот Тони Симиќ вечерва против Данска ќе се обидат да забележат и нов триумф. 
 
Средбата која започнува од 20:45 часот, ќе биде и добра можност за подигање на формата на уште повисоко ниво, имајќи в предвиде дека за два дена следува и засега најзначајниот меч на првенството, дуелот во четвртфиналето. 
 
А, во него, македонските јуниори за противник ќе ја имаат најверојатно селекцијата на Белгија која не смее да си дозволи изненадување во дуелот против Романија која пак досега нема победа. Пораз на Белгија би значело и второ место за Полска која денеска загуби од  Естонија со 63-60. 
 
Во исчекување на исходот од мечот Белгија – Романија, табелата во А групата изгледа вака: Полска и Естонија 4-1 (победи-порази), Белгија 3-1, Бугарија и Швајцарија 1-3 и Романија 0-4.