Кошарка
16. July 2016 - 14:25

Македонските јуниори и се реваншираа на Словенија

Јуниорската ракометна репрезентација на Македонија ја совлада соодветната селекција на Словенија во вториот пријателски меч во рамки на подготовките за Еевропското првенство 2016. Во уште еден тесен и максимално неизвесен натпревар, Македонија победи со 22:21 и им се реваншира на домаќините за вчерашниот пораз (20:18).
 
Денешната средба во Рогла имаше сличен тек на петочниот дуел. Рано во мечот Македонија го презема водството кое го одржуваше во најголемиот дел од натпреварот. Предводени од Филип Талески кој само во првото полувреме постигна пет погодоци, избраниците на Александар Јовиќ на пауза заминаа со предност од 10:8. Во неколку наврати на почетокот на второто полувреме, нашите ракометари имаа можност да ја зголемат разликата, сепак Словенија во периодот од 43. до 50. минута, со серија од четириголови направи пресврт и поведе со 20:17. Но, нашиот состав не дозволи противникот посериозно да се одлепи, а свои минути во завршницата имаше Филип Арсеновски, кој воедно го постигна и последниот гол за Македонија во последната минута, за водство од 22:20 кое значеше и победа на средбата. Словенија во завршните моменти реализираше за намалување и ги постави конечните 22:21.
 
Најпрецизен и на оваа средба во македонскиот национален тимбеше Талески со шест голови, а Арсеновски додаде четири погодоци.
По овој втор натпревар во Рогла, македонската репрезентација заминува за Умаг, Хрватска, каде ќе продолжи со подготвките за ЕП за играчи до 20 години.
 
Во Умаг ќе се тренира по два пати дневно заклучно со 27 јули, за кога е предвидено заминувањето за Данска на еврошампионатот.
Покрај тренинзите, Македонија во Умаг ќе одигра и две пријателски средби против домашната репрезентација, на 23 и 24 јули.