Loading Video...
Спорт плус
21. јуни 2018 - 13:17

Македонските играч со поддршка на МКФ за новите мерките

Откако вчера МКФ излезе со предлог до клубовите за намалување на бројот на странци и зголемување на бројот на македонските играчи на терен, денеска со соопштение се огласи Здружението на кошаркари во Р. Македонија 
 
Македонските кошаркари преку своето здружение и дадоа целосна поддршка на Македонската кошаркарска федерација за финалниот предлог во однос на намалувањето на бројот на странски играчи.
 
МКФ предложи намалување на странците од шест на четири со задолжителен настап на тројца Македонци во првиот дел, односно двајца во Супер-лигата и Плејофот, во игра, веќе од следната сезона во Прва лига.
 
- Сметаме дека раководството на Федерацијата презема еден важен чекор за подобрување на статусот на домашните кошаркари, како и на македонската кошарката во целост. Сакаме да го поздравиме ваквиот потег, но и да потсетиме дека остануваат и други чекори кои според нас се неопходни за подигнување на квалитетот на сениорските лиги и подобрување на условите за тренинг и натпревари. Ваквите промени, се надеваме дека ќе ги поттикне Прволигашите да почнат посериозно да инвестираат во младите играчи, и ќе превземаат низа мерки како би го олесниле процесот на нивно усовршување и спортски напредок, се вели во соопштението на Здружението на македонски кошаркари.
 
На ред се клубовите кои преку дописно собрание треба да се произнесат за овој став. 
 
Потсетување дека МЗТ Скопје Аеродром, веќе покрена иницијатива која е во ист правец, а шампионот Работнички односно шефот на стручниот штаб Докузовски во неколку наврати нагласи дека е време клубовите да им дадат поголема шанса на македонските кошаркари