Македонија
24. November 2022 - 21:19

Македонските и бугарските историчари блиску до договор за учебниците за седмо одделение?

На повидок нов договор на мешовитата историска комисија. Историчарите се задоволни како поминал првиот ден од разговорите за учебниците за 7мо одделение. Позитивна и конструктивна атмосфера имало меѓу членовите на комисијата, но решенија се уште не се донесени велат за Сител историчарите од Бугарија.

Доколку и утрешниот состанок помине согласно денешната динамика, можно е да се постигне договор вели копретседателот на македонската комисија. Ѓеоргиев уверува дека разговорите ги водат согласно македонските интереси.

Комисијата веќе донесе препораки според кои македонските учебници по географија за 7мо одделение треба да бидат изменети следната учебна година, а учебниците по историја за 6то одделение во следните две години. Во МОН до сега не добиле насоки што точно и кога треба да завршат измените во учебниците. Инаку денешната средба последна за годинава се одржува во затегнати односи меѓу двете земји поради последните инциденти со бугарскиот клуб во Охрид.

Предводникот на бугарската комисија ова го нарече брутален акт на омраза. Веднаш по пријавата дека со огнено оружје е оштетено стаклото на клубот, македонското МНР синоќа излезе со реакција, повикувајќи на брзо пронаоѓање и санкционирање на сторителите.