Македонија
29. December 2016 - 18:54

Македонските граѓани се информираат од повеќе медиуми

Мнозинство македонски граѓани не прифаќаат информации само од еден извор и се информираат за исти настани од различни медиуми. Ова е еден од заклучоците што произлегува од истражувањето за медиумска писменост  на македонските граѓани работено во рамки на проект на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Промовирањето на медиумската писменост е една од поновите активности на Агенцијата, а дел од истражувањето на денешната јавна седница презентираше Емилија Петреска Камењарова, раководител на Одделението за човекови права и медиумска писменост. Oд истражувањето произлегува дека македонските граѓани не се подготвени своите сознанија за медиумите да ги споделат со невладини организации или со јавни институции. Истражувањето Агенцијата целосно ќе го презентира во јануари следната година, а од утре ќе биде достапно на нивната веб-страна.

Агенцијата за медиуми денеска промовираше уште еден спот за медиумска писменост кој од утре треба да биде емитуван на националните телевизии.

На денешната јавна седница на Агенцијата за медиуми директорот Зоран Трајчевски  ги презентираше активностите што беа реализирани во изминатите четири месеци од 2016 година.

- Фокусот на Агенцијата во последните три месеци беше насочен кон мониторингот на изборното медиумско претставување. До почетокот на изборната кампања предмет на надзор беа најголем дел од радиодифузерите што емитуваат на државно ниво вкупно 18 програмски сервиси, додека со почетокот на изборната кампања примерокот се зголеми и опфати вкупно 111 програмски сервиси, рече Трајчевски информирајќи за сите извештаи и констатирани прекршоци од страна на Агенцијата и ад хок телото за медиуми.

Во изминатото тромесечие до Агенцијата се поднесени две барања од заинтресирани страни за доделување  на дозвола за телевизиско и радио емитување по пат на јавен конкурс.

Трајчевски информираше дека по утврдената оправданост, Агенцијата донела Одлука за објавување јавен конкурс за доделување дозвола за радио емитување на програмски сервис на локално ниво, за говорно музичко радио со претежно информативен општ формат, на албански јазик на подрачјето на општина Куманово. Постапката за доделување на дозвола е во тек. Во однос на другото писмено барање за телевизиско емитување на национално ниво преку дигитален терестријален мултиплекс, Агенцијата ќе донесе одлука  по завршувањето на изборниот процес односно формирањето на нова влада. Во тек е и постапка за донесување одлука за објавување конкурс за доделување дозвола за радио емитување на програмски сервис на локално ниво за подрачјето на општина Кривогаштани. Исто така е донесена и одлука за промена на сопственичката структура на регионалната станица Арачина.

Во рамки на активностите на Агенцијата направено е и истражување за родот во медиумите. Па така во периодот од 15 април до 15 мај во централните вести на националните телевизии само пет минути биле посветени на прилози кои опфаќаат родови прашања. Според ова истражување 75 отсто од соговорниците биле мажи, додека 25 жени. Прилозите биле изработени од 361 новинарка и 197 новинари, но во однос на уредничките позиции овој процент е сосем спротивен. Во централните информативни изданија на овие телевизии кои биле предмет на истражувањето имало 16 уредници и осум уреднички. Во спортските вести е забележано поголемо присуство на информации за успесите на женските спортски екипи. 

На денешниот четврти јавен состанок на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни  медиумски услуги беше презентирано истражување за телевизијата и лицата со сетилна попреченост. Во рамки на ова истражување.