Македонија
9. March 2021 - 12:03

Maкедонските граѓани кои имаат бугарски пасош можат да се вакцинираат во Бугарија

Македонските граѓани кои поседуваат бугарско државјанство и имаат намера да се вакцинираат против Ковид-19 тоа можат да го сторат преку бугарската веб-страница за регистрирација, соопшти Здружението Македонско-бугарско пријателство (МБП) од Скопје.

Претседателот на здружението, Добре Митрев нагласува дека заинтересираните можат да го одберат видот на вакцината, местото и времето за вакцинирање.

За вакцинација во Бугрија потребен е негативен тест издаден од овластените здравствени установи во Република Македонија, вели Митрев.