Фудбал
31. January 2019 - 15:19

Македонските футсалци против Грција ги отвораат предквалификациите

 

Од денеска до недела во малата сала на СЦ Јане Сандански ќе се играат квалификациски дуели во футсал. 
 
Македонската футсал репрезентација ќе биде домаќин на Ц предквалификациската група за пласман во Елитна рунда квалификации на Светското првенство. Македонија е домаќин на селекциите на Грција, Албанија и Сан Марино.

Нашата репрезентација сите дуели ќе ги игра во вечерниот термин од 20 часот, а отвараме со Грција, по која селдуваат дуелите против Сан Марино и Албанија .

 
Распоред и сатница на натпреварите во групата Ц од предквалификации за СП во футсал
 
четврток
МАКЕДОНИЈА – ГРЦИЈА 20:00 часот 
АЛБАНИЈА – САН МАРИНО 17:30 часот
 
петок
МАКЕДОНИЈА – САН МАРИНО 20:00 часот
ГРЦИЈА – АЛБАНИЈА 17:30 часот
 
недела
МАКЕДОНИЈА – АЛБАНИЈА 20:00 часот
САН МАРИНО – ГРЦИЈА 17:30 часот
 
Пласман во следната фаза обезбедуваат две првопласирани селекции, од секоја од осумте групи.