Фудбал
25. October 2019 - 14:32

Македонските футсалци денеска против Косово

Македонската футсал репрезентација попладнево го игра и вториот меч во претквалификацискиот турнир за пласман на СП 2020. година. 
 
Нашата репрезентација која е домаќин на натпреварите од втората претквалификациска групата чии средби се играат во СЦ „Јане Сандански“, попладнево за противник ја има репрезентацијата на Косово. 
 
Во првиот меч одигран синоќа македонската футсал репрезентација загуби убедливо со 1-6 во дуелот со Словенија, додека Косово со 1-7 беше поразен од фаворитот во групата Украина. 
 
Утре е слободен ден на турнирот, а на последниот ден в недела Македонија ќе игра против Украина во терминот од 17:30 часот. 
 
Потсетување дека двете првопласирани селекции од групата ќе обезбедат пласман во главната квалификациска фаза за настап на мундијалот идната година.