Loading Video...
Фудбал
24. October 2019 - 15:12

Македонските футсалци денеска ги започнуваат претквалификациите за СП

Македонската футсал репрезентација вечерва ги започнува натпреварите од претквалификацискиот турнир за пласман на СП 2020. година. 
 
Нашата репрезентација ќе биде домаќин на натпреварите од втората групата кои ќе се играат во СЦ „Јане Сандански“
 
Во групата покрај нашите футсалци ќе играат и селекциите на Словенија, Украина и Косово. 
 
Украинците важат за главни фаворити, а целта за Македонија е второто место кое носи пласман во главната квалификациска фаза за пласман на мундијалот идната година.
 
Турнирот го отвораат Украина и Косово со мечот од 17:30 часот, додека нашата селекција во првата рунда за противник ќе ја има Словенија. Вечерашниот  натпревар ќе започне од 20 часот. 
 
Преостанатите два натпревари Македонија ќе игра во терминот од 17:30 часот, а редоследно за противници ќе ги има селекциите на Косово утре (петок) и во  недела која ќе играме против Украина.