Loading Video...
Фудбал
5. October 2019 - 16:59

Македонските фудбалерки убедливо поразени од Србија

Откако го победија Казахстан пред четири дена и тоа убедливо со 4-1, попладнево женска фудбалска селекција на Македонија беше исто така убедливо поразена од Србија,  
 
Во натпревар од Г групата кој се одигра во Скопје, нашите фудбалерки загубија од Србинките со 0-6.
 
Гостинките уште во третата минута со голот на Дина Благојевиќ го најавија високиот пораз, а до крајот на првиот дел постигнаа уште два гола. А. во второто полувреме. Србинките по само 30.секунди игра и по четврти пат ја затресоа мрежата на нашата селекција, за на крајот за  слават победа со конечни 6-0.
 
Следниот меч нашите фудбалерки повторно ќе го играат во Скопје и тоа на 8 ноември кога ќе ја пречекаат селекцијата на Австрија од која беа поразени во првиот натпревар со 3-0