Loading Video...
Фудбал
23. March 2019 - 14:43

Македонските фудбалери со голем оптимизам го чекаат дуелот со Словенија

Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија, утре во Љубљана ќе го одигра вториот дуел од квалификациите за ЕП 2020 година. 
 
Македонските репрезентативци кои од вчера се во Љубљана, ќе ги направат последните подготовки за утрешниот меч против Словенија, кој ќе се игра на стадионот „Стожице“, каде претпладнево веќе одработија еден тренинг, а вечерва во терминот на одигрување на мечот ќе го одработат и вториот. 
 
Селекторот Игор Ангеловски не ќе може да смета на искусниот Ферхан Хасани, кој се повреди против Летонија, и не отпатува за Словенија. 
 
Свесни за квалитетот на нашата селекција се и во таборот на домаќините, па Словенците предупредуваат дека ќе биде исклучително тешко да се надополни пропуштеното од мечот против Израел на гости во кој Словенија имаше предност, но на крајот освои само еден бод. 
 
Од друга страна, нашите фудбалери посакуваат да прокнижат нови три бодови, со што овој прв круг од квалификациите би го завршиле со максимален учинок. 
 
Дуелот од групата Г меѓу Словенија и Македонија ќе се игра утревечер од 20 часот и 30 минути термин во кој ќе се игра и средбата Полска - Летонија, додека меѓот меѓу Израел и Австрија ќе се игра од 18 часот.