Loading Video...
Фудбал
7. September 2019 - 16:27

Македонските фудбалери се „острат“ за Летонија

По нерешениот резултат на гостувањето кај Израел, македонските фудбалери се во Летонија, каде во понеделник ќе го одиграат петтиот натпревар од квалификациите за ЕП 
 
Црвено-жолтите попладнево ќе одработат еден тренинг, а за утре предвиден уште еден, по што селекторот Ангеловски најверојатно ќе реши и со кои единаесетмина ќе го започне мечот со Летонците. 
 
Но. Кој и да се веруваме дека ќе обезбедат полн плен, односно дека ќе слават победа, а особено во прилог им оди и факот дека противникот дома се враќа по тешкиот пораз од Австријците. 
 
Имено Летонците вчера беа поразени од Австрија со убедливи 6-1. 
 
Во последниот меч од 5.коло на нашата квалификациска група, првиот пораз го претрпеа досега „перфектните“ Полјаци, кои на гостувањето во Љубљана, загубија од Словенија со 2-0. 
 
Така во пресрет на новата рунда, Полска останува прва на табелата со 12 бодови, сега пред Австрија со 9, односно Словенија и Израел кои имаат едеен помалку (8). Нашата селекција со 5 бодови е на 5.место, а Летонија е последна без освоен бод. 
 
Во понеделник (од 20:45 часот) покрај дуелот Летонија – Македонија ќе се играат и средбите Полска – Австрија и Словенија – Израел