Loading Video...
Фудбал
21. јуни 2021 - 14:58

Македонските фудбалери против Холандија ќе го играат последниот натпревар на ЕП

Македонската фудбалска репрезентација попладнево го игра последниот натпревар на своето деби на ЕП. Противник на црвено-жолтите и тоа во Амстердам, е домашната селекција на Холандија.
 
По двата порази од Австрија и Украина, нашите фудбалери ги загубија и теоретските шанси за прогрес во следната фаза. Но, дуелот против фаворизираната Холандија и тоа пред нејзината публика, е само мотив повеќе за македонските фудбалери уште еднаш да потврдат дека не случајно се  дел од најдобрите селекциии на континеталниот собир. 
 
Овој натпревар е посебен од повеќе аспекти. Капитенот Горан Пандев за последен пат во кариерата ќе го облече репрезентативниот дрес. Селекторот Игор Ангеловски го одработува последниот натпревар од актуелниот договор со ФФМ. Но. затоа сите се едногласни, нема што да се загуби, па во мечот со „лалињата“  нашите фудбалери ќе се обидат да стигнат до позитивен резултат, зосто да нбе дури и победа.             
 
На натпреварот меѓу Холандија и Македонија што ќе започне од  18 часот, а ќе се игра на арената „Јохан Кроојф“ во Амстердам, се очекува  нашите играчи да имаат поддршка и тоа од македонската дијаспора во Европа. 
 
Покрај овој дуел во истиот термин од нашата група, во  Букирешт, се игра и средбата меѓу Украина и Австрија.