Loading Video...
Фудбал
4. јуни 2021 - 20:38

Македонските фудбалери на најубав можен начи се „одјавија“ од домашната публика пред настапот на ЕП

На најубав можен начин најдобрата македонска фудбалска репрезентација, се одјави пред заминувањето на Европскиот шампионат. 
 
Како дел од подготовките за дебито на ЕУРО македонските фудбалери го совладаа Казахстан со убедливи 4-0, а победата можеше да биде и поубедлива доколку искористевме барем уште еден дел од бројните можности. 
 
До првата радост 10-илјадната публика присутна на арената „Тодор Проевски“ чекаше до 35-минута кога Емлас беше соборен во гостинскиот шеснаесетник, а Алијоски беше сигурен реализатор на најстрогата казна. 
 
Вториот гол нашите фудбалери го постигнаа во 57-минута, а стрелец беше Тричковски по прекрасната акција на Пандев и Костадинов. 
 
За само две минути беа постигнати уште два гола. Најнапред Милан Ристовски во 74-тата зголеми на 3-0, а во 75-минута фудбалерот на Штутгарт, Дарко Чурлинов беше стрелец на четвртиот гол. 
 
Ако пред три дена Словенија требаше да ја „глуми„ Австрија, тогаш Казахстан треба да биде пандан на Украина против која Казахстанците во мундијалските квалификации одигра 1:1, 
 
Доколку подготвителните дуели со Словенија и Казахстан (селекции кои требаше да бидат пандан на Австрија и Украина, нашите   противници на европското) тогаш овие средби за избраниците на Ангеловски би требало да се мерило колку и што можеме да очекуваме од црвено-жолтиоте на Европското првенство. Според прикажаното со право може да веруваме дека Македонија на своето деби на Европските шампионати има што да покаже. 
 
Подготовките продолжуваат во Скопје, а своето деби Македонија ќе го има на 13 јуни, кога нашите фудбалери ќе ги одмери силите со Австрија во првото коло од групата Ц на дуелот во Букурешт, каде на 17 јуни ќе играме и против Украина, додека последниот натпревар црвено-жолтите ќе го играат на 21 јуни во Амстердам против Холандија