Loading Video...
Фудбал
7. September 2021 - 14:32

Македонските фудбалери комплетно фокусирани на утрешниот меч против Романија

Најдобрата македонска фудбалска репрезентација утре ќе го одигра шестиот натпревар во квалификациите за СП во Катар 2022, противник е Романија
 
Пропуштената голема шанса за победа на гостувањето кај Исланд секако е најголемиот проблем за селекторот Благоја Милевски и неговите избраници пред утрешниот меч против Романија. 
 
Психолошки треба да се надминеме доколку сакаме да оствариме добар резултат утре смета селекторот. 
 
- Прихолошкиот момент е многу важен и се виде дека е тоа најголемиот предизвик со кои се соочуваме. Им честитам на играчите за се што направија, одлично се прилагодуваат на се што е новитет во моментов. Македонија во моментов игра одличен фудбал, со многу трка но и тактичка одговорност. Физичкиот момент, односно предизвикот од три меча во серија е тешко да се поднесе секако. Но од друга страна сигурен сум дека сите оние кои ќе добијат шанса ќе дадат максимум и ќе го анулираат и евентуалниот замор и недостатокот на минутажа по клубовите, вели Милевски
 
Сигурно дека поддршката од трибините на националната арена „Тодор Проевски“ ќе биде и дополнителем мотив за нашите фудбалери, кои ќе сакаат да и се реваншираат на Романија за поразот од 3:2 на првиот меч одигран во Букурешт.