Loading Video...
Фудбал
28. May 2019 - 15:06

Македонските фудбалери го одработија првиот тренинг пред дуелите со Полска и Австрија

Македонската фудбалска репрезентација денеска ги започна мини подготовките за претстојните дуели со Полска и Австрија 
 
Македонската репрезентација на почетокот на јуни ја очекуваат два исклучително тешки дуели во квалификациите за ЕП 2020 година.
 
Со Скопје на 7 и 10 јуни ќе гостуваат селекциите на Полска и Австрија, кои важат за фаворити во нашата група. 
 
Иако официјалниот старт на подготовките е закажан за во понеделник (3 јуни) селекторот Игор Ангеловски и поголемиот дел од играчите кои се на неговиот список денеска го имаа првиот собир. 
 
Меѓу оние кои одработија на теренот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ ги немаше капитенот Горан Пандев, голманите Илиев и Шишковски кои сеуште имаат клупски обврски, а на групата од утре ќе се приклучат Николов, Адеми, Алиоски и Трајковски. Иако има мала повреда Дарко Велковски беше дел од присутните на тренингот.
 
Потсетување дека дуелите против Полска и Австрија ќе се играат на  Националната арена „Филип Втори“ во Скопје, а влезниците кои веќе се пуштени во продажба чинат по 150 денари.