Македонија
9. October 2019 - 16:37

Македонските експерти веруваат дека Франција ќе одобри почеток на преговори

Пред одлуката на Европскиот Совет наредната недела,  Франција се уште со резерви за почеток на прегворите за Македонија.  Сепак македонските тинк тенк организации кои минатата недела  во Париз остварија низа средби со француски пратеници и политичари гледаат светло на крајот од тунелот.  Во контактите  се увериле дека перцепција  за македонскиот напредок  е многу подобрена од  летоска кога  Франција го блокираше стартот на преговорите.   Но, истакнуваат дека се уште постои недоверба, која пред се се темели  врз неинформираноста за македонските состојби.

-„Генералниот впечаток беше дека постои големо ниво на непознавање помеѓу двете земји, слабо ниво на соработка и комуникација што создава предрасуди, погрешни проценки.

За разлика од Холандија која бара одвојување на Албанија од Македонија, поради лошите резулати на Тиран,  Франција не е за такво раздвојување. Експерите веруваат дека ЕУ може да најде начин како да излезе од оваа ситуација.

Според експерите најголема грижа на француското општество и политичката елита е да се осигураат  дека нема да има  регрес во реформите  откако ке започнат прегворите .   Таков пример се Црна Гора и Србиоја кои иако се длабоко во преговарачкиот рпоцес стагнираат со реформите.