Ракомет
20. July 2016 - 17:44

Македонските екипи ги добија противниците во ракометните ЕХФ и Челенџ куп

 
 
 По ждрепка одржана во Виена, македонските екипи во европските ракометни купови (исклучок Лигата на шампиони) ги дознаа своите противници за новата сезона.
 
Ракометарите на Прилеп кои ќе играат во ЕХФ Купот, за противник ја добија екипата на Винтертур од Швајцарија. Првиот меч ќе се игра на 3 или 4 септември во Прилеп, а возвратниот на 10 или 11 септември во Винтертур.
 
Битолски Пелистер во 3.коло на Челинџ Купот ќе се сретне со составот на Вогошча Пољине од БиХ. Првиот меч се игра на 19/20 ноември во Битола, а реванш дуелот на 26/27 ноември во БиХ. 
 
Во женска конкуренција.
 
Ракометарките на ЖРК Куманово ќе се сретнат со шпанската екипа Хелветиа Алсобендас во мечевите од 2.коло на Челинџ Купот и тоа првиот во Куманово на 15/16 октомври, а реваншот е седум дена подоцна во во Шпанија.
 
Вториот тим на ЖРК Вардар, како носители во Челинџ Купот се вклучуваат во 3.коло, во кое за противник ќе го има бугарскиот тим Свиленград против кој првиот меч ќе го игра на гости на 12 или 13 ноември, а реваншот во Скопје е ќе биде на 19 или 20 ноември. Потсетување дека минатата сезона ракометарките на Вардар СЦЈС предводени од тренерот Симе Симовски стигнаа до четвртфиналето токму на Челинџ Купот.