Loading Video...
Спорт плус
19. March 2020 - 19:12

Македонските боксери Љама и Јанески остануваат уште една недела во Лондон?!

Појавата на коронавирусот направи и голем хаос во меѓународниот авионски сообраќај па дел од нашите спортисти заглавија  во европските метрополи барајќи начин да се вратат дома откако скопскиот аеродром беше целосно затворен.

            Најголем  проблем со враќањето во Македонија имаат нашите боксери Јасин Љама и Гоце Јанески кои се во Лондон каде учествуваа на олимписките квалификации.   Со нив е и селекторот Хесус Сојет .

            Според последните информации Грција не дозволила во авионот од  Лондон за Солун да се најдат патници кои не се од Европската Унија иако имале валидни билети со што македонската боксерска експедиција ќе мора да остане во Лондон каде имаат обезбедено хотел до 24-ти март а по потреба престојот ќе им биде продолжен.

            ОД боксерската федерација информираат дека МНР прави напори да обезбеди боксерите да се вратат заедно со уште 50 наши граѓани заглавени на аеродромот во Лондон.

            За разлика од нив нашите ракометарки Андреа Белеска и Стефанија Мишевска кои настапуваат во данското првенство и  беа заглавени  во Копенхаген успеаја да обезбедат билети за летот до Солун од каде беа пречекани со автомобил и веќе се вратени дома.